Детската улица „Tоше Проески“ доби нов лик

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, денеска официјално ја пуштија во употреба реконструираната пешачка патека „Тоше Проески“, позната како детска улица, во населбата Ново Лисиче.

– Со реконструкцијата на детската улица „Тоше Проески“, која на повеќе места беше оштетена, граѓаните добија поубаво место за прошетка, одмор и релаксација, изјави Коневски, додавајќи дека детската улица како култно место, на кое се собираат и дружат младите од целата општина доби посовремен изглед.

Трајановски, пак, посочи дека Град Скопје донираше растенија со цел да се разубави ова култно катче во Ново Лисиче.

Пешачката патека „Тоше Проески“ е широка 7 метри, а долга 550 метри. Детската улица е поплочена со мермерни коцки и гранитни плочи, на кои се изгравирани јунаци од цртаните филмови. Патеката е комплетно осветлена, а поставена е и урбана опрема, поточно клупи и канти за отпадоци.

Покрај патеката се изградени 96 жардиниери со хризантеми и зимзелени растенија, кои ги донираше Град Скопје, преку јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи