„Детонатор” го оштети државниот буџет за 10 милиони евра

Од:

Близу 10 милиони евра е оштетен државниот Буџет заради нелегалните игри на среќа, што беа откриени во рамки на акцијата „Детонатор”.

Штетата е направена по основ на неплатени давачки предвидени со „Законот за игри на среќа и забавни игри” и изнесува 605.695.977,00 денари или 9.848.715 евра.

Од извршените контроли е констаирано дека 29 објекти – автомат клубови, лоцирани во повеќе градови на територијата на Р.Македонија приредувале игри на среќа, без да поседуваат лиценци, согласно Законот за игрите на среќа и забавни игри и тоа: шест објекти на подрачје на Кочани (четири во Кочани, по еден во с.Облешево, с.Оризари), пет на подрачје на Струга (два во с.Лабуништа и по еден објект во с.Велешта, с.Вевчани и Струга), пет на подрачје на Гостивар ( четири во Гостивар и еден во с. Форино), четири во Македонска Каменица, два објекта на подрачјето на Делчево, три објекти во Тетово, два во Куманово, и по еден во Крива Паланка и Кратово. При извршените контроли во овие објекти пронајдени се и одземени 574 покер апарати, 17 електронски рулети и маса за играње „Блек џек”, кои биле ставени во функција и на истите неовластено се организирале игри на среќа (комар).

Инаку, при извршените контроли пронајдени се вкупно 953 автомати за игри на среќа (934 покер апарати, 18 електронски рулети и маса за играње „Блек џек”)..

Како резулат на извршените контроли и утврдените неправилности во работењето на објектите, од страна на МВР до надлежните обвинителства во РМ поднесени се вкупно 16 кривични пријави против 19 физички поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела „даночно затајување” по чл.279, „комар” по чл.398 од КЗ на РМ, како и кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавни игри и 8 правни лица за кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган” по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавни игри, и член 28-а во врска со „даночно затајување” по чл. 279 од КЗ на РМ.

Пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист во периодот од 2006 година до 2012 година набавиле и спротивно на законските прописи ставиле во промет апарати на кои неовластено организирале игри на среќа (комар), без при тоа да ги превземат со закон предвидените постапки за регистрација на објектите како „автомат клуб” во рамките на трговски друштва кои ги поседуваат, со намера целосно да ги одбегнат давачките предвидени со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Инаку, сопствениците на објектите согласно законските прописи биле должни на сметка на Буџетот на РМ да уплатат надоместок за добивање лиценца во износ од 78.750 евра (за секој автомат клуб) и по 375 евра месечен надоместок за автомати за игри на среќа за еден учесник (покер апарати) и по 675 евра месечен надоместок за автомати за игри на среќа за повеќе учесници (електронски рулети).

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он