Дете прегазено од автомобил во струшко

Од:

Петгодишно дете од струшкото село Долна Белица е повредено при удар од автомобил на локалниот пат во населбата Фериште.

Детето, како што информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се здобило со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струга.

– По медицинскиот третман во струшката болница детето е префрлено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, изјави Димоски.

Тој појасни дека вчера во 18 часот и 40 минути било пријавено оти на локалниот пат во населбата Фериште-струшко патничко моторно возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од селото Радолишта, удрило во детето, пешак.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски