Дете повредено во сообраќајка во населба Бутел

Од:

Седумгодишно дете пешак е тешко повредено при удар од возило вчера околу пладне на ул. „Александар Урдаревски“ пред Зелен пазар во општина Бутел, управувано од засега непознат возач, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

По незгодата возачот со истото возило го пренел детето до амбулантата во населба Бутел по што го напуштил местото. Повреденото дете со возило на брза помош било пренесено во ГОБ Св.Наум Охридски. Констатирани му се тешки телесни повреди, скршена лева клучна коска на рамот, и по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он