Се удави дете во надојдените води во липковски Никуштак

Од:

Дете од липковското село Никуштак се удави откако беше однесено од надојдената вода од топењето на снегот и непрекинатите врнежи во изминатите 24 часа.

Полицијата потврди дека денеска во кумановската болница е донесено починато дете од липковското село Никуштак.

СВР Куманово информира дека се врши увид во селото каде што е пронајдено момчето. Според првичните информации од кумановската болница, детето било на возраст од околу 6-7 години и е донесено мртво.

Детето заедно со неговото братче се враќале од училиште и сакале да поминат низ селскиот дол каде што обично поминувале од училиште, но, надојдената вода го однела детето. Мештаните успеале да го спасат едното дете. Блиските го однеле телото на детето најпрвин во Ургентениот центар, а потоа и на хирургија, но лекарите констатирале смрт.

Од полицијата најавуваат повеќе детали за случајот по завршување на увидот.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар