Детали за убиството во Батинци – го уби таткото затоа што ќерката не сакаше да се омажи за него

Од:

МВР информира дека вчера претпладне околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на с. Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од с. Батинци.

А.М. бил пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите.

Според пријавеното од страна на Е.М.(20), ќерка на А.М., тие околу 08.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. и се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него.

Потоа, А.М. и Е.М. со возило се упатиле кон домот во с. Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски