Детали за тепачката во Трибека: Прво седеле на иста маса, па си размениле боксови

Од:

Пет лица од Скопје учествувале во тепачката која вчера се случи во локалот „Трибека“ на булеварот „Илинденска“. Според сведочењата на гостите, пред да почнат да се маваат со столици и маси, лицата кои си размениле боксови, седеле заедно во локалот. По извесно време, наеднаш започнала драмата и настанал хаос. Полицијата постапувала по пријава, а уапсени биле сите лица.

„Од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(20), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект“, велат од МВР.

Скопјанецот кој го кршел инвентарот, потоа нападнал и две девојки на возраст од 18 и 19 години. На едната од нив и го искршил и мобилниот телефон.

„На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Сведоци на демолираниот локал биле и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Иако затекнале како толпа луѓе излегуваат од „Трибека“, инспекторите не можеле да констатираат дали имало прекршување на протоколите за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Трајковски: Ќе кажам кои фирми ги прекршуваат владини одлуки кога ќе завршат постапките

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

18 илјади евра казна за маркетите кои не ги почитувале замрзнатите цени

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Казни за четири производители на леб од по 300.000 денари

Катерина Павлова-Николовска