Детали за несреќата кај Блаце: Автомобилите се судриле при претекнување по што косовското возило излетало во Лепенец

Од:

Нуркачи од единицата „тигар“ како и тим со дрон трагаат по тројцата патници од косовкиот автомобил кој попладневно излета во Лепенец по сообраќајна несреќа на патот Скопје-Блаце информираат од Центарот за управување со кризи.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на лице место на тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Приштина и презема дејствија за утврдување на причините.

-Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил Фолксваген туран со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со БМВ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, соопшти Обвинителството.

Причините за сударот се уште се утврдуваат, а на лице место е присутен и сообраќаен вештак. Еден од патниците во косовското возило е извлечен и веднаш е префрлен во болница.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски