Деспотовски: СДСМ ќе се врати на вредностите и традициите од АСНОМ

Од:

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски продолжи со непосредни средби со членовите на партијата. На средбата во Велес беше истакнато дека една од клучните заложби на партијата ќе биде враќањето на вредностите и традициите од АСНОМ.

„Доаѓам од семејство со долга традиција на слободарски вредности. Мојот дедо Јоле Деспотовски беше дел од партизанското движење во западна Македонија, а потоа и дел од југословенската народна армија до својата пензија. Со 18 години се зачленив во СДСМ верувајќи дека оваа партија најдобро се грижи за интересите на државата Македонија и на сите граѓани. Во многу историски моменти покажавме дека сме на вистинската страна. Повторно мора да го покажеме тоа“, рече Деспотовски.

На средбата Деспотовски ја презентираше програмата во која клучна реформа е зајакнување на членството и воведување директен избор на кадри, за која рече дека е добро што ја прифатиле и останатите кандидати.

„СДСМ избори добива со душа и со срце. И ние тоа го изгубивме. Тоа е системски проблем кој се обидуваме сега повторно да ја замениме со наметнување решенија. Тоа се покажа дека не е добро. Затоа ни е потребна реформа и системско решение. А, тоа е многу едноставно. Претседателот на општинската организација, кандидатот за градоначалник, за пратеник не може да се бира во Скопје. Не можам јас да знам што е подобро од вас самите што е најдобро за вас во Велес. Затоа воведуваме директен избор на носителите на сите функции во партијата. Членството одлучува кој ќе ги преставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот. Исто како што се бира претседател на партија така да се бира и градоначалник. Тоа е најдобра анкета за да знаеме кој чини, а кој не чини како кадровско решение. Секој сака да му се слушне гласот и има право за тоа, “ нагласи Деспотовски.

„Се појави дилема зошто побарав од останатите кандидати да потпишат изјава дека нема да тргуваат со позиции во партијата и критика дека така ќе ни избегаат квалитетни кадри. Отворено ве прашувам, дали треба некој да биде партиски функционер за да даде искрен придонес за партијата. Се наметнуваат лажни дилеми и стандарди дека луѓето треба да бидат наградени само затоа што се тука“, нагласи Деспотовски.

Тој ја нагласи потребата од отворена двонасочна и постојана комуникација со општинските организации. Меѓу другото за таа цел, дел од присутните предложија секоја првата сабота во месецот да се одржува работна состанок на претседателот на партијата со сите претседатели на општинските организации каде треба да се дебатира за сите отворени прашања и да се носат заеднички одлуки.

Повеќе присутни членови го отворија и прашањето со начинот на регистрација за гласање, и дека стравуваат од можни проблеми при гласањето поради тоа што дел од членовите немаат обновено картички за гласање. Членството бара да се разгледаат сите можности и да се овозможи учество на што е можно поширок круг на членови во гласањето.

Би можело да ве интересира

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Деспотовски: СДСМ има сериозен проблем, да се одговори зошто 11 000 членови сакале, а не гласале

Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Катерина Ѓуровски

Деспотовски: На голем број на членови на СДСМ не им било овозможено да гласаат

Горан Наумовски

Деспотовски: Новиот СДСМ ќе биде гласна, проактивна, критична и конструктивна опозициска партија со Влада во сенка

Деспотовски: Покренавме бран на промени во СДСМ, ја враќаме моќта кај луѓето