Деспотоски: Имаме 4500 гласови предност за победа во Кичево

Од:

Бројките од минатите избори во Кичево покажуваат разлика од 4500 гласови кои се тешко надминливи рече за А1 актулениот градоначалник на Кичево и кандидат за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за уште градоначалнички мандат Благоја Деспотоски, според кого овие бројки му давале за право да очекува уште една победа во Кичево и покрај најавите на албанските партии дека со чартер летови директно ќе се носат граѓани Албанци од дијаспората за да гласаат.

„Бројките од минатите избори покажуваат разлика од 4300 до 4500 гласови што е тешко надоместливо. Бројките се однесуваат на Кичево во границите во кои сега се наоѓа. Бројките собрани се од сите партии и коалиции и тие покажуваат разлика од 4500 гласови што е тешко надоместливо. Најважно за Кичево е да има фер и демократски избори, а се друго натаму ќе го видите“рече Деспотоски за А1.

Според Деспотовски коалицијата на македонските партии во Кичево била резултат на барањето на Кичевчани но и на коалицијата која ДУИ со ДПА и РДК ја направија во Кичево веднаш по обелоденувањето на кандидатот на ДУИ , Фатмир Дехари.

„Ова беше реакција само на тоа. Гледате македонските партии колку тешко се договараат, додека тие веднаш се договорија. Интензивно се работи на терен и мислам дека сите ќе си ја сработат својата работа“рече Деспотоски.

Деспотовски очекува дека нема да има полнење на кутии како што било порано во Ослемеј и Зајас кои сега се припојуваат кон Кичево.

„Што се однесува до Македонците, Турците, Ромите, изборите ќе бидат фер. Се надевам изборите ќе бидат фер насекаде и дека ќе има набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР. Сметам дека никој не би се дрзнал да прави нешто спротивно на тоа. Во минатото имавме случаи на полнење на кутии во средини во поранешните општини Осломеј и Зајас“, рече Деспотоски.

Деспотовски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака фер избори во Кичево.

„Тие сакаат фер избори да има но не знам како може да ме уверат“ додаде Деспотоски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември