Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Од:

Пред точно 80 години на 11 март 7.144 македонски Евреи од тогашната бугарска војска сојузник на фашистичкиот окупатор, биле депортирани во логорот на смртта Треблинка во Полска и ниту еден од нив за жал не преживеал.

Со длабока почит кон македонските Евреи жртви на овој суров и нечовечен чин, претседателката на Десница, Билјана Јовановска со делегација, положија свежо цвеќе и камчиња на споменикот изграден во поранешен скопски Монопол, подоцна Тутунски комбинат.

– Ова било местото на злосторот од каде 7.144 македонските Евреи, деца, жени, мажи од Скопје, Битола и Штип биле качени во вагони и испратени во сурова смрт. Извршениот геноцид на околу 6 милиони Евреи за време на втората светска војна треба да остане врежан во колективната меморија како нешто што не смее никогаш и никаде да се повтори, ниту да се заборави. Но дали човештвото извлече поука од ова, дали светот стана подобро место за живеење, или истото се повторува само на поинаков начин, во поинакви форми ?!, велат од Десница.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска