Десковска: Од вечните студенти – пратениции предлог закон што го дебилизира образованието

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]Проф. д-р Рената Десковска предупреди дека Предлог-законот за правосуден испит, кој е во собраниска процедура, а е предложен од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, е само продолжение на процесот на дебилизација и рушење на сите норми и стандарди во едукацијата и проверката на знаење во Република Македонија.

На прес конференција на СДСМ таа рече дека станува збор за предлог на закон чии предлагачи се група пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, кои, рече, или се прославија како вечни студенти или пак воопшто не се правници.

Ова, рече, е девалвација правосуден испит да се полага со заокружување, како што предвидува предлог-законот. Тоа само ќе овозможи слаби студенти да стануваат судии, порача Десковска.

„Во нивниот предлог на закон предвидено е правосудниот испит да се полага како квиз со заокружување на однапред понудени алтернативи. Правосудниот испит треба да биде последна проверка на правниците пред тие да се вклучат во самостојна работа од која што често пати зависи остварувањето на човековите права и на правдата во Република Македонија“, рече Десковска.

Објасни дека ова предложено законско решение е продолжение на веќе донесените последни измени на Законот за високо образование со кои што се предвиде слабите студенти да можат да преполагаат пет испити по завршувањето на факултетот со цел да си го подобрат просекот.

„Сега со новиот предлог им се дава можност на оние кои што беа слаби студенти, а имаат аспирации да станат судии и на полесен начин да го положат правосудниот испит. Тоа е една ситуација која што практично претставува целосна деградација на правничкото образование и на правосудниот испит во Република Македонија“, рече Десковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он