Десетмина повредени во две сообраќајки во Тетовско, причинета материјална штета

Од:

Десет лица се повредени и причинета е материјална штета од околу 140 илјади денари во две одвоени сообраќајки што се случиле на два регионални пата во Тетовско во текот на вчерашниот ден, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце во близина на бензинската пумпа во Лешок, околу 18 часот и 20 минути. Во неа учествувале две возила „Ауди“ со тетовски таблици управувано од Љ.П.(41) од Непроштено и „Поло“ со тетовски таблици што го управувала М.Е.(21) од истото село.

– Жената, која го управувала „Полото“ М.Е. со повреди кои ги задобила во несреќата, како и сопатникот од истото возило Б.С, по укажаната лекарска помош биле задржани во Тетовската клиничка болница за опсервација, додека уште двајцата сопатници од „Полото“ М.С.(50) и И.С.(19) од Нераште и возачот на „Аудито“ биле пуштени на домашно лекување.

По извршениот увид се утврдуваат причините за несреќата, а вкупната материјална штета изнесува околу 100.000 денари, рече Јосифовски.

Втората сообраќајка се случила околу 20 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово-Групчин во непосредна близина на Добарскиот надвозник. И во неа учествувале две возила „Југо флорида“ со тетовски таблици управувано од Е.И.(27) од Чифлик и „Опел астра“, исто така, со тетовски таблици што го управувал М.Р.(35) од Копачин Дол.

Според податоците на Јосифовски, во несреќата возачот и сопатниците од „Југото“, Ф.Р. (38), Л.С. (20) и Б.М. (23) како и сопатникот од „Астрата“ , Ј.С. (35) задобиле повреди и по укажаната лекарска помош во Тетовската клиничка болница биле пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид и се превземаат активности за утврдување на причините, додека материјалната штета во оваа несреќа се проценува на 40 илјади денари.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он