Десетина сантиментри нов снег на Попова Шапка

Од:

Промената на временските прилики и ниските температури изминатата ноќ резултираа со нова снежна покривка на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Луѓето од сместувачките капацитети и угостителски објекти на социјалните мрежи споделија фотографии од новата снежна атмосфера на Попова Шапка.

– Зимата никако да си оди. Ноќеска наврнаа 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка. Но овој снег е мек и нема да биде добар за скијање. Со снегот имаме само прилика за нови фотографии преку кои ќе доловиме една снежна бајка на скијачкиот центар, изјави за МИА менаџер од угостителско-сместувачкиот објект „Конак“.

Ски-центарот Попова Шапка инаку уште на 19 март извести дека поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона.

Би можело да ве интересира

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Бектеши пушти во употреба шестосед на Попова Шапка, вели дека сака да ги привлече туристите од регионот

Искра Манојлоска

Утре конечно ќе проработи новата шестоседна жичница на Попова Шапка, тврди „Елем турс“

Ана Ололовска

Почнува изградбата на снежниот град на Попова Шапка

Најстудено во Маврово, најмногу снег на Шапка