Десетгодишен велосипедист повреден во сообраќајка во Скопје

Од:

Десетгодишно дете синоќа се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба Хиподром во 20 часот и 40 минути.

Во сообраќајката учествувало и патничко моторно возило „рено меган“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин од Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди, од кои една е со тешки телесни повреди, седум со материјална штета и четири со телесни повреди во кои се повредени тројца возачи на патнички моторни возила и еден возач на мопед.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, осум возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола, 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 10 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира и едукативни работилници во детската градинка „Срничка“, објект „Лале“, кој се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во недела со почеток во 20 часот во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар помеѓу репрезентацијата на Република Македонија и репрезентацијата на Република Грција. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција во зависност од моменталните состојби ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница