Десетдневна јавна анкета за четири ДУП-ови од Гевгелија

Од:

Од 9. до 22. јули во просториите на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништо и заштита на животната средина во Гевгелија, со претходно подготвени анкетни листови, трае десетдневната јавна анкета за најново подготвените детални урбанистички планови во четири урбани зони од Гевгелија.

Севкупниот површински опфат според планските документи изнесува 146,62 хектари и се однесува на централното градско подрачје Блок 1, новата станбена зона југозападно од градот во Блок 5, станбената зона источно од Караорман во близина на Рауљот, позната како Серменинска мала Блок 7 и Блок 15.

Изготвувач на планската докумантација е претпријатието за проектирање и изработка на урбанистички документации „Нимаер“ ДООЕЛ, деловна единица Скопје, а планскиот период на документацијата е со времетраење од пет години од 2013 до 2018.

Според билансните показатели во Блок 7, т.н. Серменинска мала, 61 отсто од површината е наменета за објекти за домување во станбени куќи, а во планскиот опфат вметнати се и голем дел од бесправно изградените објекти што ја регулирале постапката за легализација.

Во Блок 15, кој се наоѓа  јужно од постојниот регулиран канал Рауљ, па сè до сервисната улица Моински пат на исток, 90,89% е неизградено земјиште, со интенција овде да продолжи да се шири градската урбана зона.

Новина претставува планскиот опфат за Блокот 1, каде што се планирани новата катна гаража и новата автобуска станица, која е веќе изградена, а се очекува да биде поставена внатрешната инсталацијата за да се стави во функција.

По јавната полчасовна презентација за секој од четирите ДУП-ови за Гевгелија,  неделава започна да тече и десетдневната јавна анкета по урбанистичките документи со можност заинтересираните граѓани и правни лица од подрачјата опфатени соплановите, како и државните органи и други институции своите забелешки,предлози и мислења да ги достават писмено на анкетни листови, кои може да се подигнат во архивата на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништо и заштита на животната средина во Гевгелија.

Од подрачното одделение за урбанизам велат дека по анкетниот рок комисија ќе ги разгледа доставени предлози, мислења и забелешки  и, доколку се издржани и плански прифатливи,ќе бидат внесени како измени и дополнувања на планскиот документ за што ќе бидат обезбедени мислења од релевантни надлежни тела во државата, како и од Министрството за транспорт и урбанизам.

„Деталните урбанистички планови претстaвуваат предлог-решение како е организиран и решен просторот во четирите градски зони што се предмет на планскиот опфат. Секое мислење, сугестија и забелешка поднесени од граѓаните или од правните лица во текот на анкетниот рок ќе биде одговорено по писмен пат од страна на комисијата и, доколку биде со позитивно мислење од надлежните тела, ќе биде внесено во планот“, вели Ирена Томчева, советник за урбанизам во подрачното Одделение во Гевгелија.

Таа вели дека последните ДУП-ови што ги има Гевгелија се од 1993 година, со старост од 20 години:

„Неопходноста од носењето на новите ДУП-ови е поради потребата градската зона да се урбанизира, бидејќи голем дел од градот нема Детални урбанистички планови, но се регулира и потребата на граѓаните да можат да извадат одобрение за градба, како сопственици на земјиште што сакаат да го употребат како градежна парцела“, вели Томчева.

Конечниот збор за носењето на ДУП-овите ќе го има Советот на општина Гевгелија по изминувањето на сите фази од јавната анкета и позитивното мислење од надлежното  министерство.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он