Десет сообраќајки во Скопје, осум лица тешко повредени

Од:

Осум лица се тешко повредени, а уште девет се здобиле со полесни повреди во 10 сообраќајки евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Регистрирани се и две соообраќајки со материјална штета.

За пречекорување на дозволената брзина на движење санкционирани се 32 возачи, 14 се исклучено од сообраќај, од кои еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Исклучени од сообраќај се осум возила, едно технички неисправно и осум нерегистрирани, издадени се 76 мерки за непрописно паркирани возила, а „пајакот“ кренал 71 возило.

Сообраќајната полиција евидентирала и 12 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство на минување, и двајца за неправилно престигнување.

Одделението за Превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство напешаци.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош