Десет сообраќајки вчера во Скопје, повредени 11 лица

Од:

Единаесет лица се полесно повредени во шест од евидентираните 10 сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа во Скопје. Во четири сообраќајки е причинета само материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција исклучила од сообраќај двајца возачи под дејство на алкохол и четворица возачи кои поминале на црвено светло на семафор.

Затекнати се и шест нерегистрирани возила, шест лица без возачка дозвола и 29 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 70 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР – Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во објектот „Стапалче“ во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан