Десет сообраќајки вчера на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, осум се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден возач на мопед.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила неисправност кај 13 возила, од кои 10 се исклучени од сообраќај поради утврдена неисправност кај виталните уреди, односно уредот за сопирање или, пак, уредот за управување на возилото. Санкционирала и 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола и девет возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 10 пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од сообраќајната полиција отстранети се 67 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска во 19 часот во Полициската станица во Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршок непрописно запирање и паркирање.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе продолжи со едукативни работилници во ОУ „Братство“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение и во средните училишта каде што во соработка со Здравствениот дом на Град Скопје ќе одржи работилници на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции врз безбедноста во патниот сообраќај.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат Удово – Валандово

Горан Наумовски

Еден мртов, тројца тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Горан Наумовски

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Удово – Валандово

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата