Десет повредени во сообраќајна несреќа кај Долно Палчиште

Од:

Десет лица се повредени од кои едно со потешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14.30 часот на регионалниот пат Пирок – Тетово кај селото Долно Палчиште, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци во несреќата учествувале две возила со тетовски регистарски таблички, Форд транзит што го управувал З.М.(49) од Боговиње и Мицубиши Пајеро што го управувал Н.А.(36).

Во сообраќајката возачот на Пајерото Н.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во тетовската Клиничка болница како итен случај бил префрлен на скопските клиники.

Возачот на Фордот З.М. и уште осум патници што се превезувале во комбето се здобиле со полесни повреди.

Увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово и се работи на утврдување на поединостите, причините и материјалната штета во оваа собраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он