Десет комисиски седници и продолженија на две парламентарни седници

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ги продолжи 63. и 64 седница, а закажани се и седници на десет собраниски комисии. На дневен ред се повеќе закони по скратена постапка и во второ читање.

На дневен ред на 64.седница се измените и дополнувањата на Законот за личната карта, дополнувањето на Законот за личното име, измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, по скратена постапка.

Повеќе закони по скратена постапка се на дневен ред на 63-та седница: измени и дополнувања на Царинскиот закон, на Законот за даноците на имот, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на Законот за хартии од вредност, на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, на Законот за даночна постапка, на Законот за комуналните такси, по скратена постапка и други.

Седници ќе одржат собраниските комисии за економски прашања, за образование, наука и спорт, за здравство, за култура, за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика, за еднакви можности на жените и мажите и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање