Дерковски: Првичните индиции укажуваат дека автобусот поминал на спуштени рампи

Од:

Најмалку 32 лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа се случи утрото околу 07.10 часот меѓу шинобус-воз и автобус на „Струмица експрес“ во близина на бензинската „Мики петрол“ на патот Штип-Велес.

Директорот на Клиничката болница во Штип Александар Стојановски информира дека 16 лица патници од автобусот се донесени во болницата, и сите се во стабилна состојба.

– Сите 16 лица се во стабилна состојба, а 11 моментално се на хирургија. Еден поради повреда на рбетот е испратен во Скопје, изјави Стојановски.

Уште 16 повредени во сообраќајната несреќа се пренесени во велешката болница. Како што информираат од болницата во Велес, тројца со потешки телесни повреди се испратени во Скопје. Од нив, еден е неконтактибилен, а другите се со повреда на кичмата и ребрата. Двајца се пуштени на домашно лекување, а останатите се на хирургија и им се спроведуваат прегледи. Меѓу повредените, нагласуваат, е и една бремена жена која е во добра состојба.

Прочитајте повеќе: Најмалку 32 повредени во сударот на воз и автобус на патот Штип-Велес

Поради несреќата, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполската крстосница до Сарамзалино.

Оливер Дерковски директор „Македонски железници“ информира дека е констатирано оти сигналните уреди на железницата се во ред односно функционирале.

– Прибраноста во овој случај на нашиот пресонал довело да се избегнат посериозни последици. Останува да видиме како органите кои водат постапката ќе ја завршат, ќе чекаме да го добиеме извшетајот па понатаму ќе видиме што ќе преземиме, изјави Дерковски.

На новинарско прашање кои се првичните сознанија за тоа како дошло до несреќата, Дерковски посочи дека првичните индиции говорат оти возачот на автобусот поминал на спуштени рампи, на обезбеден премин железнички.

Прочитајте повеќе: Петмината повредени примени во Ургентен се во стабилна состојба 

Според него, има само еден повреден патник од возот, кој се здобил со исекотини по лицето.

Патникот во автобусот на „Струмиац експрес“ Мирче Митев од Скопје изјави дека се чувствува добро и е среќен што нема жртви, иако во автобусот настанал, како што рече, хаос, а имало и повредени.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница