А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Деркоски: Се е подготвено за изборите

by А1он18/04/2019 - 11:39168
Share0

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски и членови на ДИК утрово го следеа процесот на преземање и дистрибуција на гласачкиот материјал што го изработи битолската печатница „Киро Дандаро“.

Добивај вести на вибер

Државната изборна комисија го презеде доверливиот материјал, гласачките ливчиња и друг материјал потребен за претстојните претседателски избори, како и за вонредните избори за градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

-Се е подготвено. Членовите на ДИК го подигнаа материјалот и се упатија кон своите дестинации за да го достават тој материјал до ОИК. Се се одвива беспрекорно и сметам дека в недела ќе нема никакви проблеми во смисла на квалитетот на гласачкиот материјал, изјави претседателот на ДИК, Деркоски.

На прес – конференцијата во Битола, првиот човек на ДИК ги демантираше лажните вести за ликот на гласачкото ливче, публикувани од социјални медиуми.

-Во оваа прилика сакам да демантирам одредени шпекулации кои се појавија на социјални мрежи, а поврзани со изгледот на гласачкото ливче. Како што претходно кажавме, гласачкото ливче го содржи знамето на нашата држава, редните броеви на кандидатите, име и презиме на кандидатите, и симболите на политичките партии кои дадода согласност за тие симболи. Други ознаки на гласачкото ливче нема и нема потреба јавноста да се доведува во заблуда за наводни други додатоци, нагласи Деркоски.

Битолската печатница „Киро Дандаро“ докажана со својата професионалност и квалитетна работа, и годинава доби задача да го изработува севкупниот изборен материјал за претстојниот изборен процес.

-Гласачкиот материјал е изработен на највисоко квалитетно и безбедносно ниво. Гласачките ливчиња имаат 21 заштита и невозможно е фалсификување на ниту еден лист. Посебна заштита има и за оригиналните записниците и тие не може да се преправаат ниту копираат. Во печатницата се изработи и гласачкиот материјал за вонредните локални избори за градоначалник во Охрид, Дебар и Ново Село, истакна Драги Милошевски, генерален директор на АД Печатница „Киро Дандаро“-Битола.

Од ДИК и денеска потсетија дека на единствениот избирачки список запишани се 1.808.131 гласач, а гласањето ќе го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места.

В сабота на 32 гласачки места во дипломатските конзуларни претставништва-ДКП ќе гласаат граѓани од дијаспората и притоа за гласање пријавени се 1.782 гласачи. В сабота ќе гласаат и 3.583 болни и немоќни лица, 1.600 затвореници сместени во затвор или куќен притвор, како и седум расселени лица кои се пријавиле во ДИК за гласање.

dik

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Горан Наумовски11/01/2026 - 19:41

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Горан Наумовски11/01/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен