Деркоски: Цензусот ќе биде постигнат, до 17 часот одѕивот е 38, 23%

Од:

Според претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, до затворање на избирачките места во 19 часот, цензусот од 40 отсто ќе биде исполнет. Тој соопшти дека одѕивот до 17 часот на вториот круг од претседателските избори е 38,23 отсто.

„Очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус“, рече Деркоски.

Во Аеродром гласале 45 отсто од гласачите, Битола 45,50, Богданци 49,98 отсто, во Валандово 51 отсто, 57 отсто во Вевчани.

Најголем одѕив има во Демир Капија и Демир Хисар – 60,28 отсто, и во Крушево – 59,68 отсто.

Во Арачиново гласале 26,18 отсто од гласачите, во Боговиње 14 отсто, во Врапчиште 15 отсто, а во Гостивар 19 отсто.

Изборниот ден, според ДИК, поминува без посериозни нарушувања и изборни нерегуларности.

Заедно со претседателските избори, во Охрид и во Ново Село се одржуваат и предвремени локални избори. Во Ново Село гласале 43 отсто од гласачите, а во Охрид 47.02 отсто.

Досега до ДИК стигнале два приговори за нарушено избирачко право. Комисијата ги одбила поради тоа што гласачите доцна извадиле лични документи и не се пријавиле на време. За сите наводи за нерегуларности, Деркоски порача дека треба докази и да се достават до надлежните органи и до ДИК.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија