Депонија за градежен отпад во Гевгелија

Од:

Депонијата за градежен отпад во Гевгелија, која се наоѓа покрај реката Вардар во близина на местото „Милци“, ќе биде поделена на осум делови, колку што има и градежни фирми во градот, а ќе има и еден посебен дел во кој градежен отпад ќе депонираат граѓаните.

Ваков договор постигнаа надлежните општински служби и градежните фирми кои се задолжени за расчистување на отпадот во своите делови кои се означени со табли заради обезбедување ред и прегледност во депонирањето на шутот.

Градежните фирми од Гевгелија се обврзаа да го почитуваат постигнатиот договор кој ќе обезбеди нормално функционирање на депонијатаа, а ќе се настојува преку инспекциските служби и граѓаните да се придржуваат на утврдените правила. Против прекршителите ќе се преземаат казнени мерки.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он