Денот на шегата одбележан во Гевгелија

Од:

Најмладите жители на Гевгелија, облечени во одела на своите омилени јунаци, преправени во волшебници, кловнови, пчелички, бетмени и разни други имагинации, денеска го одбележаа Денот на шегата со учеството на традиционалната манифесстација „Априлијада 2018“.

Учесници на манифетацијата беа дечињата од трите градинки и двете основни училишта од градот кои пред насобраните граѓани и своите родители се претставија со колективни и индивидуално изработени маски.

Манифестацијата ја проследи и градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, кој изрази воодушевеност од детската креација на маски и на градинките и основните училишта им подари сетови играчки.

Пионерскиот дом и општина Гевгелија, како организатори и покровители „Априлијадата“ ја одржаа два дена порано затоа што недела, 1 април, е неработен ден за градинките и училиштата во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно