Денот на албанското знаме се одбележува во неколку градови во Македонија

Од:

Празникот на албанското национално знаме – 28 Ноември денеска во неколку градови во државата се одбележува со бројни културни и политички активности.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи концерт на основните и средните училишта од општина Чаир, а манифестацијата ќе продолжи со ансамблот „Емин Дураку“ и пејачите Бeни Ајрулаху, Ирена Точи, ДЈ Леерик и Илир Шаќири.

Во Тетово по повод празникот 28 Ноември ќе се одржи свечена академија, а во Гостивар, Центарот за култура во соработка со општината организира празнични манифестации.

Во Скопје, исто така во рамки на манифестацијата, беа промовирани книгите „Албанските преродбеници“ од проф.Гордана Синадиновска и „Православните Албанци во РМ“ од проф. д-р. Бранислав Синадиновски.

Би можело да ве интересира

Левица: Во државна институција во Тетово истакнато само албанско знаме – ДПМНЕ молчи пред коалициониот партнер

Во СВР Велес e пријавено дека ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште

Жител на Мала Речица го ставил знамето на Албанија на манастирот на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Со свечена академија одбележан Денот на албанското знаме

ВИДЕО: Нова снимка и нови тензии – Албанци го запалија српското знаме во Србија и го развеаја албанското

Жарко Настоски

ВИДЕО: Тензии во српскиот парламент, пратеник истакна албанско знаме

Жарко Настоски