Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно време со ниски утрински температури.

Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи