Денеска сончево и топло до 38 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите.

Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.

Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Голема топлотна купола доаѓа над Европа, топло и на Балканот

Катерина Ѓуровски

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови