Денеска сончево и топло до 38 степени

Од:

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност.

Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 38 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево време со умерена локална облачност

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Голема топлотна купола доаѓа над Европа, топло и на Балканот

Катерина Ѓуровски

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски