Денеска прв обид за надзорна расправа

Од:

Денеска прв обид на опозицијата да се одржи надзорна расправа. Свикана е Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, со единствена точка на дневен ред „ Организирање надзорна расправа за злоупотрените во делењето на субвенциите“.

Доколку мнозинството кое е од ВМРО-ДПМНЕ не изгласа , тогаш со најмалку 15 потписи од пратениците, претседателот на собранието Трајко Велјаноски, преку претседателот на Комисијата ја закажува надзорната.

Претседателот на Собранието рече дека тој ќе ги почитува сите 33 чекори кои ги договориле пратеничките групи и НДИ, а меѓу нив и, како што рече онаа за договор на координации. Велјаноски рече дека жали што опозицијата го продолжува бојкотот на координациите, и нема да дозволи надзорните да се претворат во подршка на нечии митинзи.

Во ниту еден од 33-те чекори, нема предвидено дека еден од нив се координациите кај спикерот.

Во Законот за Собрание, член 24, став четири стои дека спикерот, со потпретседателите и со координаторите на пратеничките групи прават годишна проекција за бројот на надзорните расправи, согласно средствата и условите на Собранието.

Опозицијата го потсетуваа Велјаноски да го прочита членот 21 став 3, во кој стриктно стои-„ Доколку 15 пратеници во писмена форма побараат одржување на надзорна расправа, преку претседателот на Собранието до претседателот на работното тело, тогаш претседателот на работното тело е должен веднаш да свика нејзино одржување“.

Значи велат од опозицијата закажувањето или не, не е по кеиф на Велјаноски, и дека не треба да ги меша расправите кои треба да бидат политички испит на работењето на Владата, со координациите, на кои не доаѓаат, поради како што велат негаторскиот и потценувачки однос на собранискиот претседател.

„Ќе побараме расправа и одговори за тоа колку пари им должи Владата на фирмите, кол­ку и како се трошат парите во проектот „Скопје 2014“, на кој начин се злоупотребува социјалната помош на најсиромашните граѓани во партиско-изборни цели, зошто граѓаните добиваат катастрофални здравствени услуги во презадолженото јавно здравство, како и за што се трошат народните пари во УБК, ќе побараме одговори какви мерки презело МВР во случајот Љубе Бошкоски”, изјави мината недела Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови