Денеска протестен марш под мотото: Стоп за народниот грабеж, бараме оставка!

Од:

Денеска со почеток во 18 часот, граѓанската иницијатива „Граѓаните за Македонија“ ќе одржи мирен протестен марш од Кампот на слободата до министерството за финансии.

„И по 11 дена кампување пред владата се уште нема оставка и политичка одговорност од Никола Груевски за криминалот и неправдата кои им ги нанесе на граѓаните на Македонија. Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на денешниот марш и заедно да му порачаме да си оди за доброто на сите. Ние не се откажуваме од нашите барања, Груевски мора итно да замине за да престане агонијата во која живееме од неговото владеење“, порачуваат од иницијативата.

Flaer 27 maj

Граѓаните ќе маршираат од владата до министерството за финансии од 18 до 19 часот. По завршувањето на маршот во кампот на слободата ќе има обраќања на новинари, политичари и активисти кои ќе дадат свое видување на актуелните проблеми со кои се соочува Македонија под власта на Никола Груевски. Ќе говорат Младен Чадиковски, новинар и уредник во неделникот Фокус, Драган Тевдовски –  политичар, Борче Чупетревски – бизнисмен и Крсте Шајновски – универзитетски професор.

Музичката програма започнува во 20 часот со едночасовен диџеј сет на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и рок свирка на групата „Страна Б“ која е планирана да започне во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска