Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Под влијание на циклонска активност од утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со дожд, на места засилен ветер

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска облачно и топло со утринска магла

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Облачно со сончеви периоди и северен ветер