Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претпладне наместа ќе има појава на магла.

Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко.

Во делови од котлината ќе има појава на магла.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност