Денеска променливо облачно и максимални 33 степени

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

В недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Локален дожд ќе има и в понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност