Денеска облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови од државава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според прогнозата на УХМР, во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат.

Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град