Денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Според прогнозата на УХМР, од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд