Денеска облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на дневната температура.

Потоа времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар