Денеска облачно и врнежливо

Од:

Времето денес променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови.

Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места по должина на Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.

И в четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а в петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

В сабота во текот на ноќта и в недела под влијание на нов влажен бран се очекуваат пообилни врнежи од дожд.

И во следните денови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени

Горан Наумовски

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Претор, денеска дожд, грмежи и силен ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Од среда дожд и ветер, а на планините снег

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд