Денеска ќе се одржат седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, Законодавно-правната и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Комисија за финансирање и буџет ќе дебатира за Предлог законите за изменување на Законот за даночна постапка, за дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, и за измените и дополнувањата на Законот за банките и Законот за хартии од вредност, сите во прво читање.

Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Народен правобранител и на Законот за парнична постапка, двата во прво читање, се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисија за одбрана и безбедност ќе расправаат за Предлог-резилуцијата за миграциската политика на Република Македонија 2015 – 2020.

Комисија за транспорт, врски и екологија, пак, ќе расправа за Предлог законот за градежно земиште во второ читање и Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2015 година.

Собраниската Законодавно-правна комисија ќе се признесе по Предлог законот за градежно земјиште во второ читање, како и по законските решенија кои се во прво читање, а се на дневен ред на горенаведените собраниски комисии.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање