Денеска ќе се гласа за ребалансот на буџетот

Од:

Денеска, ќе истече петтиот ден од дебатата за ребаланот на Буџетот. Деловникот пропишува на истекот на петтиот ден, без разлика дали има се уште пријавено за дискусија, на крајот на работниот ден, да заврши расправата и да се прејде на гласање.

Изминатите денови од говорницата се слушнаа дијаметрално спротивни гледишта на мнозинството и опозицијата за понуденото решение од Владата. Имаше и многу навреди, кавги и високи тонови.

Власта, ребалансот го оправдува како неопходна, навремена и адекватна реакција на Владата на актуелните трендови во економијата кои се последица на кризата во Европа. Со него, велат, се зачувува фискалната дисциплина, високо ниво на капитални инвестиции од 20 проценти, не се намалуваат платите, пензиите, социјалните помошти и субвенциите во земјоделството.

За опозицијата пак, која се изјасни дека ќе гласа против, предложениот ребаланс е поставен на целосно погрешни претпоставки за растот на економијата и оти по него ќе следи уште еден ребаланс. Забележа дека се кратат средства од витални проекти, градежни активности, изградба на патиштата, како и од здравството и образованието, а Владата троши ненаменски.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба