Денеска ќе е облачно, од среда ќе има пообилни дождови

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и ниски утрински температури.

Во западните делови ќе има повремен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 10 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди и повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 2 степна, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на циклонска активност, до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег.

Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град