Денеска и утре денови на жалост поради сообраќајката на патот Скопје – Тетово

Од:

Денеска и утре, 14 и 15 февруари, се прогласени за денови на жалост поради тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Скопје – Тетово.

Последната бројка на починати достигна 14, а неколку лица се борат за живот. Увидот на местото на несреќата продолжи утрово во осум часот.

Заев најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе се донесат и одлуки за поддршка на семејствата на починатите.

Во 12 часот денеска вонредна седница по повод трагичниот настан ќе одржи Општина Гостивар. Се очекува советниците да донесат одлука за прогласување тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.

Автобус на „Дурмо турс“ вчера околу 17 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово меѓу Карпалак и Ласкарци. Официјално не е соопштено колку патници биле во автобусот иако се зборува за неофицијална бројка од 51.

Екипи на МВР, итна медицинска помош и ОЈО веднаш пристигнаа на местото на несреќата, а во извлекувањето на повредените и жртвите масовно учествува и локалните жители.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница