Денеска е Национален ден на Власите

Од:

Власите во земјава денеска го одбележуваат својот национален празник 23 Мај, кој со Законот за празници од 2007 година е и државен празник и неработен ден за припадниците од влашката заедница.

Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година овој ден е прогласен за Национален ден на Власите од целиот свет.

На 23 мај 1905 година, со посебен документ (Ираде)  на султанот Абдул Хамид Втори, влашкиот народ бил признат како посебен народ со право на богослужба на влашки јазик, право на образование на мајчин јазик во нивните училишта, со право да избираат муфтии, така како што налагале законите на Отоманската империја.

Би можело да ве интересира

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Денеска и утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

А1он

ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Влашкиот народ и истакнати личности Власи имаат значајно место во најважните поглавја на нашата историја

А1он

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

А1он

Интернационални денови на влашката култура во Крушево

Ана Ололовска