Ден за високи гости на „Македонски Блесок-12“

Од:

Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок-12” на Армискиот полигон (АП) ,,Криволак денеска ќе се реализира програма за Денот за високи гости.

Според програмата, на Денот за високи гости  припадниците на декларираната ренџерска чета ќе изведат показна вежба со боево гаѓање: „Ренџерски вод во реакција и извлекување од контакт“, на која ќе ја демонстрираат својата обученост и извежбаност, соопшти Министерството за одбрана.

Оценувањето на ренџерска чета на вежбата ,,Македонски Блесок-12” се реализирa согласно Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС), а го спроведе оценувачки тим од различни команди на НАТО.

На Денот за високи гости е најавено присуство на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, генерали од АРМ, воените аташеа акредитирани во Македонија, команданти на единиците на АРМ и други високи гости од МО и ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски