Ден на Воздухопловната бригада на АРМ

Од:

Воздухопловната бригада на АРМ денеска на аеродромот „Александар Велики“, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, со дефиле на воздухоплови и тактичко-технички збор на опремата ќе го одбележи денот на бригадата.

На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменик началникот на Генералштабот на АРМ генерал – потполковник Насер Сејдини, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал мајор Методија Величковски и други високи гости.

Постоењето на ВБР се темели врз одлуката на Претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година, со која е формирана командата на против-воздушната одбрана и военото воздухопловство (ПВО и ВВ) на АРМ во чиj состав влезе авијациска бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон.

Во 2005 година со програмата за реконструкција на АРМ, воздухопловната бригада се трансформираше во помала, покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група ) која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената Оперативна Команда.

Денес, покрај основната мисија на ВБР за остварување на блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, нејзината мисија е да учествува во мировни и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ и ОН, учество во справување со конфликти од регионален карактер, како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи.

Од 2006 до 2008 година, со еден хеликоптерски детачмент од тогашниот воздухопловен ВИНГ, АРМ учествуваше во мисијата АЛТЕА во рамките на силите на ЕУФОР во Босна и Херцеговина од каде ангажирањето на оваа единица беше оценето со највисоки оценки.

Би можело да ве интересира

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Уставниот суд поведе постапка за Правило на АРМ со кое се забранува вршење на верски обреди

Лога: Лафчиски неправедно го зазеде местото во АРМ што му припаѓа на Албанец

Катерина Ѓуровски