Ден на културните различности во Тетово

Од:

Здружението Мултикултура од Тетово денеска во фоајето на Центарот за култура Иљо Антески Смок осми пат по ред го организираше Денот на различностите како дел од нивната активност Недела на културните различности.

Според организаторите, оваа недела има за цел да ги промовира културните вредности на сите етнички заедници кои живееат во Македонија.

– Неделата на културните различности е еден корисен настан за нас младите, бидејќи треба да се запознаеме со другите со кои живееме заедно. Треба да бидеме горди што живееме во еден ваков убав град. Убаво е што има една активност што не собира сите заедно, промовирајќи ги вредностите на сите нас. Со право оваа активност веќе е традиционална осум години по ред и јас би сакала да продолжи и понатаму, изјави волонтерката во Мултикултура Шенол Јакупи.

Според нејзината колешка Јована Милошеска, Мултикултура е единствената организација каде младите од градот наоѓаат простор да се дружат заедно со нивните врсници и во меѓувреме да научат нови работи и да ги реализираат во пракса.

– Освен овие активности ние имаме одлични ментори. Мултикултура е организација која промовира различни вредности кои нам како млади ни се навистина потребни, како што е Неделата на различностите. Ние сме различни, но ова е позитивна работа, изјави Милошеска.

Денешниот Ден на Различностите беше реализиран преку повеќе активности како што се саемот на средните училишта, промовирањето на невладините организации преку штандови, детското катче, уметничкото катче, традиционалното јадење, изложбата и други културни активности.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски