„Ден на идеи“ во Владата

Од:

Владата на Република Македонија, во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска организира „Ден на идеи“.

Целта на „Денот на идеи“ е граѓаните на Република Македонија преку изнесувањето на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да учествуваат во креирањето и реализацијата на владините политики, придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на општеството.

Во просториите на Владата на Република Македонија, од 13 до 17 часот, граѓаните ќе може да им ги претстават своите идеи, предлози и проекти на премиерот Никола Груевски и министрите во Владата.
Проектот ќе се спроведе и во сите градови на Република Македонија, на главните градски плоштади, од 13 до 17 часот, каде ќе бидат поставени пунктови на ресорните министерства, на кои граѓаните ќе можат да ги претстават своите идеи, проекти и предлози.

Во рамки на „Ден на идеи“ министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од 13 до 17 часот во зградата на Владата ќе ги прими сите заинтересирани граѓани кои имаат идеи, предлози или сугестии по однос на разни прашања од работата на извршната власт, вклучително и од ресорот за внатрешни работи.

Со цел да им се излезе во пресрет и на граѓаните од внатрешноста кои имаат свои предлози или сугестии, денеска за нив ќе бидат отворени полициските станици во Ресен и Прилеп.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски