Ден на баталјонот за воена полиција

Од:

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележување на 29 октомври, Денот на баталјонот за воена полиција (бВП) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК).

Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма и пригодни обраќања,  доделување стимулативни мерки и тактичко-технички збор каде ќе бидат претставени материјално-техничките средства со кои располага единицата.

На свеченоста покрај командантот на ЗОК, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, ќе присуствуваат претставници од ГШ на АРМ, команданти на единиците лоцирани во касарната, поранешни и пензионирани команданти на единицата, претставници од цивилните структури и организации со кој единицата соработува.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски