Демократскиот сојуз: Власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем

Од:

Централниот совет на Демократскиот сојуз расправаше за актуелните политички состојби во земјата при што оцени дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

„Кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата. Од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби. Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократски Сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД

Демократски сојуз: Етно-нацинализмот е поттикнат од опозициските партии

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада